8 Во горната одаја, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки.
9 А едно момче, по име Евтих, седеше на еден прозорес, и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше многу, се помрдна во сонот и падна од третиот кат, и го дигнаа мртво.
10 Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: „Не создавајте немир, зашто душата негова уште е во него!“
11 А потоа, откако се качи горе, прекрши леб, го проба и зборуваше долго, дури до зори, а потоа отпатува.
12 Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.
13 Ние отидовме порано со кораб и отпловивме во Асос, од каде што имавме намера да го земеме Павле, зашто сакаше таму да патува пеш. Така ни беше порачал.
14 Кога се сретна со нас во Асос, го зедовме во коработ и дојдовме во Митилина.