13 Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“
14 А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“
15 Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Ерусалим.
16 Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.
17 Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост.
18 На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини.
19 И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба.