Дела 21:19-25 MK2006D

19 И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба.

20 А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку де­се­тици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на За­конот.

21 А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат чеда­та свои, и да не постапуваат по оби­ча­ите.

22 И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол.

23 Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет.

24 Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам жи­вееш според Законот и го пазиш.

25 А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не па­зат ништо такво, туку само да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“