28 викајќи: „Луѓе Израилци, помогнете! Овој човек насекаде учи против народот, против Законот, против ова место; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето место.“
29 Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот.
30 Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена.
31 И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил.
32 А тој веднаш зеде војници и офисери и се спушти кон нив; тие, кога ги видоа заповедникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.
33 Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што направил?
34 Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, заповеда да го одведат во тврдината.