Дела 21:3-9 MK2006D

3 Штом го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму тре­ба­ше коработ да се растовари.

4 И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не вле­гува во Ерусалим.

5 А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.

6 И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.

7 А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив ос­та­навме еден ден.

8 Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.

9 Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.