Дела 21:5-11 MK2006D

5 А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.

6 И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.

7 А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив ос­та­навме еден ден.

8 Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.

9 Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.

10 Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;

11 и кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“