6 И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.
7 А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив останавме еден ден.
8 Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кесарија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.
9 Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.
10 Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;
11 и кога дојде кај нас, го зеде Павловиот појас, па ги врза рацете свои и нозете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на незнабошците.“
12 Штом го чувме тоа, и ние и тамошните го молевме да не се качува во Ерусалим.