1 „Мажи браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“
2 А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:
3 „Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно според Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес.
4 До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.
5 За тоа може да посведочи првосвештеникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Дамаск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат казнети.