11 И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12 А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,
13 дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него.
14 Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова,
15 зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и слушнал.
16 И сега, зошто се задржуваш? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
17 А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,