17 А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,
18 Го видов како ми вели: ‚Побрзај, излези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Мене!‘
19 Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;
20 и кога се проливаше крвта на Стефан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘
21 И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам далеку – кај незнабошците.‘“
22 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“
23 И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот,