Дела 22:24-30 MK2006D

24 заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.

25 Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“

26 Кога го слушна тоа стотникот, оти­де да го извести заповедникот, па му ре­че: „Што мислиш да правиш? Овој чо­век е римски граѓанин!“

27 Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски гра­ѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“

28 А заповедникот рече: „Тоа гра­ѓан­ско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“

29 И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповед­ни­кот, кога дозна дека е тој римски гра­ѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.

30 На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и запо­веда да дојдат првосвештениците и це­лиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.