27 Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски граѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“
28 А заповедникот рече: „Тоа граѓанско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“
29 И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповедникот, кога дозна дека е тој римски граѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
30 На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Јудејците, го ослободи од оковите и заповеда да дојдат првосвештениците и целиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.