Дела 22:5-11 MK2006D

5 За тоа може да посведочи прво­свеш­теникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Да­маск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат каз­не­ти.

6 Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од не­бото ме осветли силна светлина.

7 Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘

8 Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Гос­поди?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘

9 Оние, кои беа со мене, ја видоа свет­лината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.

10 Тогаш реков: ‚Што да правам, Гос­поди?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘

11 И бидејќи од болскотот на таа свет­лина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.