6 Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од небото ме осветли силна светлина.
7 Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘
8 Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Господи?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘
9 Оние, кои беа со мене, ја видоа светлината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.
10 Тогаш реков: ‚Што да правам, Господи?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘
11 И бидејќи од болскотот на таа светлина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск.
12 А некој си Ананија, маж благочестив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск,