1 Павле го впери својот поглед кон Синедрионот и рече: „Луѓе браќа! До оној ден со најчиста совест пред Бога живеев!“
2 А првосвештеникот Ананија на оние, што стоеја пред него, им заповеда да го удрат по устата.
3 Тогаш Павле му рече: „Бог тебе ќе те удри, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме бијат против Законот!“
4 А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“
5 Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е напишано: ‚Началникот на твојот народ да не го злословуваш.‘“
6 А кога дозна Павле дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, извика во Синедрионот: „Луѓе браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; за надеж во воскресение на мртвите ми се суди!“
7 Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мнозина од народот се раздвоија.