25 Напиша и писмо со оваа содржина:
26 „Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс.
27 Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин.
28 И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион,
29 и дознав дека го обвинуваат по прашање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови.
30 И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, откако им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Биди здрав!“
31 И така, војниците го зедоа Павле, и онака како што им беше заповедано, го одведоа ноќе во Антипатрида.