Дела 24:10-16 MK2006D

10 Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана.

11 Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се ис­качив во Ерусалим на поклонение.

12 Но не ме најдоа ниту во храмот не­кому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот.

13 Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене.

14 Но ти признавам дека според уче­њето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците,

15 дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат.

16 А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.