1 А Фест, откако по три дена прими власт, излезе од Кесарија и дојде во Ерусалим.
2 Тогаш првосвештеникот и старешините јудејски му се пожалија против Павле, и го молеа,
3 барајќи милост за себе против него, да го прати во Ерусалим, и редеа заседа за да го убијат патем.
4 Но Фест одговори дека Павле се чува под стража во Кесарија, а и дека тој сам скоро ќе отпатува таму.
5 „Кои, пак, од вас, можат, нека дојдат со мене, и ако има некаква вина на овој човек, тогаш нека го обвинат.“
6 И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле.