11 Зашто, ако сум виновен и сум направил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме предаде на нив. Се повикувам на царот.“
12 Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, – рече, – кај царот ќе појдеш.“
13 А откако минаа неколку дена, царот Агрипа и Верникиј слегнаа во Кесарија за да го поздрават Фест.
14 И бидејќи таму останаа повеќе денови, Фест му рече на царот за Павле, велејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.
15 Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.
16 Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.
17 И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;