Дела 25:13-19 MK2006D

13 А откако минаа неколку дена, ца­рот Агрипа и Верникиј слегнаа во Ке­сарија за да го поздрават Фест.

14 И бидејќи таму останаа повеќе де­но­ви, Фест му рече на царот за Павле, ве­лејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.

15 Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.

16 Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.

17 И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;

18 и кога застанаа околу него обви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;

19 туку против него имаа некакви пре­пирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Пав­ле вели дека е жив.