15 Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.
16 Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.
17 И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;
18 и кога застанаа околу него обвинителите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;
19 туку против него имаа некакви препирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Павле вели дека е жив.
20 А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден.
21 Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај царот.“