Дела 25:16-22 MK2006D

16 Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.

17 И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;

18 и кога застанаа околу него обви­ни­телите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;

19 туку против него имаа некакви пре­пирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Пав­ле вели дека е жив.

20 А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден.

21 Но, бидејќи Павле побара да биде чуван до судската одлука на неговото височество, заповедав да го држат под стража, додека го пратам кај царот.“

22 Тогаш Агрипа му рече на Фест: „Би сакал и јас да го сослушам тој човек.“ А тој одговори: „Утре ќе го сослушаш.“