Дела 25:3-9 MK2006D

3 барајќи милост за себе против него, да го прати во Ерусалим, и редеа заседа за да го убијат патем.

4 Но Фест одговори дека Павле се чу­ва под стража во Кесарија, а и дека тој сам скоро ќе отпатува таму.

5 „Кои, пак, од вас, можат, нека дојдат со мене, и ако има некаква вина на овој човек, тогаш нека го обвинат.“

6 И откако беше кај нив, не повеќе од десет дена, слезе во Кесарија, и утредента седна на судскиот стол и заповеда да го доведат Павле.

7 А кога го доведоа, Јудејците што беа дошле од Ерусалим, застанаа наоколу, и многу тешки обвиненија изнесуваа против Павле, кои не можеа да ги до­ка­жат.

8 А тој, бранејќи се, рече: „Со ништо не се огрешив ни против Законот јудеј­ски, ни против храмот, ниту, пак, против царот.“

9 Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павле и рече: „Сакаш ли да одиш горе во Ерусалим и таму да ти се суди за тоа од мене?“