1 Агрипа му рече на Павле: „Допуштено ти е да зборуваш во своја полза.“ Тогаш Павле ја подаде раката и почна да зборува во своја одбрана:
2 „Радосен сум, царе Агрипа, што денес пред тебе ќе можам да се бранам за сѐ што ме обвинуваат Јудејците,
3 дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.
4 Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;
5 тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;