15 А јас реков: ‚Кој си ти, Господи?‘ Тој одговори: ‚Јас сум Исус, Кого Го гониш ти.
16 Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам,
17 издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои ќе те испратам сега,
18 за да им ги отвориш очите нивни, та да се обратат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
19 Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение,
20 но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покајание.
21 Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат.