20 но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни за покајание.
21 Затоа ме фатија Јудејците во храмот и се обидоа да ме убијат.
22 Но, откако добив помош од Бога, стојам до ден денес и им сведочам на мали и на големи, зборувајќи само за она што беа го зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи:
23 дека Христос мора да пострада и, откако прв ќе воскресне од мртвите, на народот и на незнабошците ќе им проповеда светлина.“
24 А додека го зборуваше ова во одбрана, Фест извика со висок глас: „Си полудел ли, Павле! Многубројните книги те довеле до лудило!“
25 А тој одговори: „Не сум луд, почитуван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.
26 Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.“