25 А тој одговори: „Не сум луд, почитуван Фесте, туку кажувам зборови на вистината и со здрав разум.
26 Тоа го знае и царот, пред кого и слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.“
27 „Веруваш ли, царе Агрипа, во Пророците? Знам дека веруваш.“
28 Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин!“
29 А Павле рече: „Би Му се молел на Бога и за малку и за многу не само ти, но и сите, што ме слушате денес, да станете такви, каков што сум и јас, но без овие окови.“
30 Кога го кажа тоа, царот и намесникот Верникиј и оние, што седеа со нив, станаа
31 и, откако се повлекоа на страна, зборуваа меѓу себе и велеа дека тој човек не прави ништо што заслужува смрт или окови.