3 дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво.
4 Мојот живот од раната младост, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци;
5 тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера;
6 а сега стојам пред суд поради надежта во ветувањето дадено од Бога на татковците наши,
7 кое нашите дванаесет колена се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи Му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците.
8 Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува дека Бог воскреснува мртви?
9 Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус од Назарет;