7 кое нашите дванаесет колена се надеваат дека ќе го постигнат, служејќи Му на Бога постојано дење и ноќе. За таа надеж, царе Агрипа, ме обвинуваат Јудејците.
8 Што? Зарем вие мислите дека не може да се верува дека Бог воскреснува мртви?
9 Навистина, така и јас мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус од Назарет;
10 така и направив во Ерусалим и, откако добив власт од првосвештениците, многу светии затворив, а кога ги убиваа, и јас одобрував,
11 и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исус и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови.
12 За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците,
13 среде бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене.