Дела 27:1-7 MK2006D

1 Кога беше одлучено да от­пло­ви­ме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета.

2 Се качивме на еден адрамитски кораб, кој требаше да плови покрај азиските места, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Со­лун.

3 На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, кој постапуваше со Павле човекољубиво, му дозволи да појде до пријателите свои, за да се погрижат за него.

4 Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно,

5 и, откако го препловивме морето покрај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска.

6 Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрлија во него.

7 И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме до Крит. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, допловив­ме под Крит покрај Салмона.