Дела 27:15-21 MK2006D

15 И штом го зграби коработ, бидејќи не можеше да му се противстави на вет­рот, ние им се препуштивме на брано­вите да нѐ носат.

16 Минувајќи покрај едно островче, кое се вика Кавда, одвај можевме да го задржиме коработ.

17 Кога го извлекоа, употребија се­как­ви средства и го врзаа коработ одоздола; бидејќи се плашеа да не се на­сукаат на Сиртите, ги спуштија едрата и така бев­ме носени од струјата.

18 На другиот ден, бидејќи бевме сил­но фрлани од бурата, почнаа да го ис­фрлуваат товарот,

19 а на третиот ден сами со рацете свои ја исфрлаа опремата на коработ.

20 Но, бидејќи во текот на многу дни не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а беснееше и прилично голема бура, понатаму исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме.

21 И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избег­нев­ме овие маки и штети.