Дела 27:28-34 MK2006D

28 и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати.

29 И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кор­ми­лото спуштија четири котви, па чекаа да осамне.

30 А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна,

31 Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“

32 Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне долу.

33 И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.

34 Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“