Дела 27:38-44 MK2006D

38 И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море.

39 Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ.

40 И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­ло­то едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот.

41 Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се по­мр­дна, а задниот дел од коработ се разбиваше од силата на брановите,

42 Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.

43 Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и запо­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат,

44 а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа сите живи и здрави на земја.