Дела 27:6-12 MK2006D

6 Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрлија во него.

7 И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме до Крит. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, допловив­ме под Крит покрај Салмона.

8 И, откако со мака пловевме покрај неа, стигнавме до едно место, наречено Добри Пристаништа, близу кое се на­оѓаше градот Ласеја.

9 Откако мина многу време и пло­ве­њето стана веќе многу поопасно, а и постот беше веќе минал, Павле ги опо­мена

10 и им рече: „Гледам, луѓе, дека пло­вењето ќе биде мачно и со голема ште­та не само за товарот на коработ, туку и за животите наши.“

11 Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бро­дот отколку на зборовите Павлови.

12 А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина из­јавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат.