11 По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше презимил на тој остров и носеше знак Диоскури.
12 И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.
13 Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;
14 таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.
15 Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги виде Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.
16 Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.
17 По три дни Павле ги повика првенците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не направив ништо против народот или татковските обичаи, од Ерусалим ме предадоа окован во рацете на Римјаните.