Дела 28:12-18 MK2006D

12 И стигнавме во Сиракуза, каде што останавме три дена.

13 Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот и на идниот ден стасавме во Потиоли;

14 таму најдовме браќа, по чија молба кај нив останавме седум дена. И потоа тргнавме за Рим.

15 Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат до Апиевиот плоштад и до Трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

16 Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

17 По три дни Павле ги повика пр­вен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не нап­равив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

18 И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;