Дела 28:16-22 MK2006D

16 Штом стигнавме во Рим стотникот му ги предаде затворениците на војводата, на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

17 По три дни Павле ги повика пр­вен­ците јудејски и кога се собраа, тој им зборуваше: „Мажи браќа, иако не нап­равив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

18 И, откако ме судеа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;

19 но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.

20 Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израил сум окован во овие ланци.“

21 А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ извес­ти или нешто лошо да каже за тебе.

22 Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“