19 но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред царот; но не за тоа да го обвинувам во нешто својот народ.
20 Поради тоа и ве повикав да се видиме и да позборуваме; зашто заради надежта на Израил сум окован во овие ланци.“
21 А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ниту, некој од браќата дошол да нѐ извести или нешто лошо да каже за тебе.
22 Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“
23 И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Пророците.
24 Едни се убедија од зборовите негови, а други не поверуваа.
25 Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на татковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи: