2 А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.
3 А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
4 Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“
5 Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
6 А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека е тој бог.
7 Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.
8 А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.