Дела 28:20-26 MK2006D

20 Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; зашто заради на­дежта на Израил сум окован во овие ланци.“

21 А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту, некој од браќата дошол да нѐ извес­ти или нешто лошо да каже за тебе.

22 Но ние сакаме да чуеме од тебе лично што мислиш ти за тоа; зашто познато ни е дека на тоа учење насекаде се противречи.“

23 И откако му определија ден, големо мноштво дојде во неговото определено живеалиште, и тој од утрото до вечерта со докази им го изложуваше учењето за царството Божјо и ги уверуваше за Исус и од Законот Мојсеев и од Проро­ците.

24 Едни се убедија од зборовите не­гови, а други не поверуваа.

25 Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на тат­ковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:

26 ‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,