Дела 28:25-31 MK2006D

25 Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да се разотидуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Духот Свети на тат­ковците ваши преку пророкот Исаија, велејќи:

26 ‚Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,

27 зашто срцето на овие луѓе закораве­ло, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се об­ратат, за да ги исцелам.‘

28 И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“

29 Кога го рече тоа, Јудејците се разо­тидоа со голема препирка меѓу себе.

30 Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,

31 проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господа Исуса Христа наполно слободно, и никој во тоа не го спре­чу­ва­ше.