27 зашто срцето на овие луѓе закоравело, та со ушите мачно слушаат, а очите свои ги затвориле, па некако со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се обратат, за да ги исцелам.‘
28 И така, нека ви биде познато дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците, тие и ќе чујат.“
29 Кога го рече тоа, Јудејците се разотидоа со голема препирка меѓу себе.
30 Павле остана таму цели две години во посебно најмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,
31 проповедајќи го царството Божјо и учејќи за Господа Исуса Христа наполно слободно, и никој во тоа не го спречуваше.