Дела 28:4-10 MK2006D

4 Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“

5 Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.

6 А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го про­ме­нија мислењето и велеа дека е тој бог.

7 Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.

8 А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.

9 Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.

10 Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред замину­ва­ње нѐ снабдија со сите потребни работи.