Дела 3:7-13 MK2006D

7 И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зацврс­наа стапалата и глуждовите;

8 па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога.

9 И сиот народ го гледаше како оди и како Го слави Бога.

10 Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што седеше пред портата на храмот наречена Красна, поради ми­лос­тина; и беа полни со восхит и вчудоне­ви­деност за она што се случи.

11 И бидејќи оздравениот сакат човек цврсто се држеше за Петар и Јован, кон нив дотрча вчудовиден сиот народ во тремот, наречен Соломонов.

12 А Петар, штом го виде тоа, му рече на народот: „Луѓе Израилци, што се чу­дите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или побожност да направивме овој да прооди?

13 Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на татковците наши Го прослави својот Син Исус, Кого вие Го пре­да­дов­те и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти.