1 И уште додека тие му зборуваа на народот, пристапија кон нив свештениците, старешината на храмот и садукеите,
2 огорчени што тие го поучуваат народот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос;
3 и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило.
4 А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади.