14 Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат.
15 Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се советуваат и да се прашуваат еден со друг,
16 велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не можеме тоа да го одречеме.
17 Но за да не се разгласува ова по народот уште повеќе, строго да ги заплашиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“
18 И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.
19 Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе отколку Бог;
20 зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“