17 Но за да не се разгласува ова по народот уште повеќе, строго да ги заплашиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“
18 И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.
19 Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе отколку Бог;
20 зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“
21 А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги заплашија и ги пуштија поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.
22 Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.
23 И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа првосвештениците и старешините.