20 зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“
21 А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги заплашија и ги пуштија поради народот; зашто сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.
22 Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години.
23 И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа првосвештениците и старешините.
24 А овие, штом ги ислушаа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;
25 и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓето намислуваат празни работи?
26 Се дигнаа царевите земни и кнезовите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник‘.