Дела 4:21-27 MK2006D

21 А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.

22 Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од че­тириесет години.

23 И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините.

24 А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;

25 и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓе­то намислуваат празни работи?

26 Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник‘.

27 И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,