31 И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.
32 А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.
33 Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив.
34 Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа
35 и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.
36 Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, левит, родум од Кипар,
37 кој имаше нива, ја продаде, ги донесе парите и ги положи пред нозете на апостолите.